Во рамките на проектот „Влијанието на жените во политиката на локално ниво во Република Македонија“, утре во Струга ќе се одржи консултативна работилница на која ќе бидат презентирани наодите од истражувањето кое било спроведно на оваа тема.

Работилницата ја организира истражувачката организација „Реактор-Истражување во акција“, во соработка со Националниот демократски институт-НДИ и со поддршка на Француската Амбасада во Македонија.

Инаку „Реактор“ е посветен на спроведување истражувањa за статусот на жените во Република Македонија и користење на тие податоци за промоција на родовата еднаквост во процесите на донесување одлуки.

OhridNews