Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2014 во Република Македонија вкупно се родени 23 767 деца, од кои живородени се 23 596 деца и 171 се мртвородени деца. Бројот на живородените деца во 2014, во споредба со претходната година, е зголемен за 458 деца или за 2.0%. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество и тоа 51.6%, односно, на 100 живородени женски деца 106.5 се машки.
Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 35.5% се живородени деца од мајки на возраст 25-29 години.
Во 2014 година се регистрирани 27 живородени деца од мајки на возраст под 15 години. Бројот на вонбрачните живородени деца изнесува 2 706 деца или 11.5% од вкупниот број на живородените деца припаѓаат на вонбрачните.
Во општина Охрид, во текот на 2014 година, евидентирани се 559 живородени деца, од кои 303 се машки, 256 женски, 542 се родени во брак и 17 вон брак.
Во општина Струга, минатата година родени се 688 деца, од кои 347 се машки, 341 женски, 632 во брак и 56 вон брак.
OhridNews