Вчера  околу 17 часот во Струга, на паркинг простор пред кафеаната “Конак“, при претрес на патничко моторно возило “голф“, управувано од Ф.Д. (33) од село Калишта, струшко, пронајдени се 2 килограми дрога – марихуана.

Од страна на овластени службени лица при ОВР Струга, дрогата е одеземена и доставена за вештачење, а против Ф.Д. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

извор
МВР