Спомен обележје-плоча за гостопримството и благодарноста до стружани ќе биде поставена во Струга.

Врз основа на Законот за меморијалните споменици и спомен обележјата, на 15-та седница на Советот на Општина Струга, по барање на Генералниот конзулат на Република Косово во Република Северна Македонија-Струга, беше изгласано да се постави вакво спомен обележје информираат од Општина Струга.

Низ историјата на човештвото се познати судбините на народите протерани од своите домови, но позната е и нескриената почит и солидарност на нивните браќа и пријатели. Во 1999 година граѓаните на Косово во најтешките денови се засолнија во струшките семејства и овие спомени ќе се пренесуваат од колено на колено. Оваа плакета не потсетува на благодарноста и солидарноста што ја покажаа граѓаните на Струга и поради оваа причина во советот беше изгласана со општо гласање и со Бадентер, додаваат во соопштението.

OhridNews