Дваесет и девет отсто од регистрираните 60.894 гласачи во општина Струга до 17 часот го оствариле своето гласачко право на првиот круг од претседателските избори. Излезноста до 17 часот во општина Вевчани е 56 проценти од евидентирани 2.072 гласачи во избирачкиот список.
Претседателите на општинските изборни комисии Минир Жута и Менка Кукоска информираат дека гласањето се одвива тековно без никакви нарушувања на изборниот процес.
Во Општина Струга се гласа на 101 избурачко место, додека во Вевчани граѓаните своето гласачко право можат да го остварат во тери избирачки места.
OhridNews