Алмами Кеита, брат на ѕвездата на Ливерпул Наби Кеита, е еден од деветмината настрадани во тешката сообраќајна несреќа што се случила вчера во Гвинеја. Тој со неговите колеги од фудбалскиот тим „Etoile de Guinee“  за кој настапувал, патувале на првенствен натпревар со автобус, на кој му откажале кочниците во кривина, по што возилото удрило во дрво.

Во несреќата повредени се 18 лица.

Покрај Алмани Кеита, во несреќата загинале и Мохамед Ламине Туре, Мохамед Дамаро Камара, Кабинет Камара, Усман Сила, Ибрахим Сила, Мохамед Ламине Камара, Сејдуба Жинола Банкура и Факинет Мара, пренесуваат светските агенции.

OhridNews
фото: Инстаграм