Музеј посветен на најпознатиот шведски поп бенд ќе биде изграден во Стокхолм. Ќе биде отворен следната година. Зградата ќе биде во форма на долг шатор. До него ќе може да се стигне и со траект. Градската управа веќе ја одобрила планираната локација.
АББА беше поп група активна од 1972 до 1982 година. Квартетот бил формиран преку пријателството на Бени Андерсон и Бјорн Улваеус во пар со Ани-Фрид Лингштад и Агнета Фалтски. Името на бендот го сочинуваат почетните букви од имињата на нејзините членови. Како нивен главен пример и идоли им служеле популарните Ролинг Стоунс.