Тела на пет жртви се пронајдени во стан во поширокиот регион на Париз по што е отворена истрага за убиство.
Ова го соопшти градскиот обвинител Жан Батист Бладие, додека локалните медиуми јавија дека жртвите се жена и нејзините четири мали деца.
Полицијата трага по 33-годишен маж кој е во бегство. Истрагата ја води полициската служба на Версај.
OhridNews