Италијанската полиција во Милано открила стан од 12 квадрати во кој живееле 37 илегални кинески доселеници. Против кинескиот државјанин кој го склопувал договорот за изнајмување на станот покрената е тужба за експлоатација на илегални доселеници.
Станот кој се наоѓа на последниот кат во миланскиот кварт познат како Кинески Кварт го откриле полицајците кои таму патролирале. Сеуште не се знае дали сопственикот на станот кој е италијанец знаел колку луѓе живеат во него. Сепак е утврдено дека киријата која ја земал е двојно повисока од вообичаената за тој дел од градот.