Најмалку 60 деца загинаа во стампедо во градот Абиџан, во Брегот на Слоновата Коска за време на новогодишниот огномет, јавува АФП, пренесува „Макфакс“.

Моменталните официјални податоци говорат за 60 загинати и уште 200 повредени, а според пишувањето на Си-Ен-Ен, повеќето се деца меѓу 8 и 15 години.

Трагедијата се случила околу еден час по полноќ во близина на стадионот во Абиџан.

Трагедија се случи и во Италија, каде две лица загинале а над 120 се повредени во огнометите по поводот дочекот на Новата година.

Една ракета погодила во лицетот 49-годишне ѕидар и го усмртила, а 51-годшишен сопственик на ресторан загинал кој петарда експлодирала во близината на неговата глава, непосредно пред полноќ, соопшти италијанската полиција.

Двете несреќи се случиле во Кампанија, во јужна Италија, каде населението традиционално е наклонето кон забранетите експлозивни материјали за огнометите.

Еден автомобил полн со материјал за огномет експлодирал во Неапол на пред полноќ, при што тешко се повредени двајца тинејџери, соопшти полицијата.

Во Неапол и околината во текот на новогодишната ноќ се повредени повеќе десетици луѓе, меѓу кои и шестгодишно девојченце и петгодишно момченце. Тие се хоспитализирани со изгореници предизвикани од експлозии, но во меѓувреме биле пуштени на домашна нега.

Неколку сериозни повреди нанесени од петарди забележани во други региони на Италија,. Во Милано 11-годишно момче загуби три прста кога зело во раката запалена петарда, а еден маж останал без цела шака во близина на Фоџа. Сличен инцидент се случил во провинцијата Фермо во јужниот регион на Пуља, каде што млад човек експлозија му е отсечен прст.

Како што пишува  весникот La Repubblica во Неапол и биле повредени околу 82 лица, од кои 12 малолетни лица, најмладиот само пет години. Уште 12 слични случаи пријавени во провинцијата Салерно.

Минатата година, иако во две илјади италијански градови беше воведена забрана за користење пиротехнички производи,исто така,  за време на новогодишната прослава загинаа две лица загинаа, а повеќе од сто беа повредени.

OhridNews
извор:„Макфака“