Стампедото што се случи на “Love parade“ во германскиот град Дуизбург заврши со трагична смрт на 15 лица, а стотина учесници на манифестацијата се повредени. Хрватскиот портал „Index“, повикувајќи се на CNN и извештаите на германската полиција, објави дека несреќата се случила за време на техно журката која традиционално ова време се одржува во Дуизбург.


Трагедијата се случила во тунел на пат кон затворена железничка станица за товарни возови каде за прв пат се одржува овој фестивал. Кога во тунелот влегле многу поститители се создала паника и луѓето започнале да трчаат. Во стампедото загинале 15 лица, а од стотината повредени 25 се наоѓаат во критична состојба.

OhridNews