За второто пријавување во првиот уписен рок во средните училишта во учебната 2007/2008 година во Охрид, што ќе се одржи на 2 и 3 јули, има вкупно 393 слободни места, соопшти Министерството за образование и наука.
Од нив 353 се во стручните средни училишта.
Дополнителните информации за слободни места во училиштата во сите општини во Република Македонија се објавени на веб-страницата на Министерството за образование и наука http://www.mon.gov.mk/.
Г. Момироски