Во средните училишта во Охрид има место за упис на вкупно 783 ученици според Конкурсот објавен од страна на Министерството за образование за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта за учебната 2025/2026 година.

Од нив 204 ќе се запишат во гимназијата ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид, во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид има место за 286 ученици, а 143 ученици ќе се запишат во СОСУ “Св.Кирил и Методиј”-Охрид. Во РЦСОО “Ванчо Питошески”- Охрид ќе се запишат 150 ученици.

Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до системот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://euslugi.mon.gov.mk/ со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.

Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши од 00:00 часот на 14 јуни до 23:59 часот на 17 јуни 2025 година. Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 18 јуни 2025 година од 08.00 часот до 19.00 часот и 19 јуни 2025 година од 08.00 часот до 17.00 часот. Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 20 јуни 2025 година, најдоцна до 12.00 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница. Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 23 јуни 2025 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 23 јуни 2025 година, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница.

Второто електронско пријавување на учениците ќе се врши на 30 јуни 2025 година од 00:00 часот до 23:59 часот. Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 01 јули 2025 година од 10.00 до 19.00 часот. Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 02 јули 2025 година, најдоцна до 12.00 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница. Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 4 јули 2025 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 4 јули 2025 година, на јавно место во училиштето.

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места и ги исполнуваат условите пропишани во Конкурсот, после јунскиот уписен рок со две пријавувања.

Пријавување на учениците ќе се врши на 21 август 2025 година од 00.00 часот до 15.00 часот електронски. Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 21 август 2025 година од 08.00 часот до 17.00 часот. Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, секое училиште ја објавува на 22 август 2025 година, најдоцна до 10.00 часот.

Н.С.Ј.