Во организација на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, во среда во хотел Дрим во Струга, ќе се одржи третата работилница наменета за бизнис секторот на која ќе биде презентирата работната верзија од Програмата за развој на малите и средни претпријатија од Регионот. Документот е од особено значаен бидејќи треба да придонесе за подобрување на вкупните состојби во бизнис секторот, задоволување на нивните барања и интереси, како и зголемување на пристапот до информации и степенот на учество на приватниот сектор во носењето на соодветни одлуки на локално и национално ниво.
Центарот за развој на Југозападниот плански регион ги поканува заинтересираните субјекти да земат активно учество на работилницата со цел да придонесат за квалитетна изработка на Програмата за развој на малите и средни претпријатија.Почеток на работилницата е во 10.30 часот.
Проектот е финансиран од Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите Нации.
OhridNews