Во среда во Струга ќе биде промовиран романот „Прокоба“ од писателот Добре Тодоровски.

Промоцијата ќе се оддржи во просториите на Струшките вечери на поезијата, а промотори ќе бидат директорот на СВП, Миле Стефоски и уредникот на списанието „Бранувања“, Петко Шипинкаровски.

За истоимениот роман, на авторот ќе му биде доделена наградата „Струшко изгрејсонце“ од издавачот „Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ од Скопје.

Инаку, настанот е во организација на Струшките вечери на поезијата и списанието „Бранувања“ од Струга. Промоцијата започнува во 12 часот.

OhridNews