Во среда, 22 мај, на избирачкото место 1272 во Охрид ќе се врши прегласување, информираат од Општинската изборна комија (ОИК) Охрид.

Избирачкото место ќе биде лоцирано во училишната спортска сала која е во рамки на ОУ „Христо Узунов“. Гласачкото место ќе биде отворено од 07:00 часот до 19:00 часот. Со избирачкото место 1272 се опфатени жители чија адресна на живеење според важечка лична карта им е улицата „Мирче Ацев“, потенцираат од ОИК Охрид.

Прегласување, покрај во Охрид ќе има уште на шест избирачки места. ДИК на 105. седница, едногласно го усвои предлогот да се повтори гласањето во Изборната единица (ИЕ) 5 на избирачките места 1470/1 и 1470 во Општина Долнени, 1194 и 1202 во Општина Крушево, 1844 во Општина Струга, како и во ИЕ 6 на избирачкото место 2101 во Општина Желино.

ДИК на седницата ги разреши и претседателите на избирачките одбори, членовите и нивните заменици во избирачките места 1470/1 и 1470 во Општина Долнени, 1194 и 1202 во Општина Крушево, 1844 во Општина Струга, 1272 во Општина Охрид и 2101 во Општина Желино.

Одлуката за прегласување ја донесе Државната изборна комисија откако Управниот суд ги одби како неосновани сите седум тужби од коалицијата „Европски фронт“ против решенијата на ДИК.

OhridNews