Советот за безбедност во сообраќајот и советниците ја подржаа идејата Охрид да се приклучи кон одбележувањето  на светската манифестација „Ден без автомобили“.

Претседателот на советот за безбедност во сообраќајот Томислав Тунтев ги повика охриѓани, во среда, да не користат автомобили и да изнајдат алтернативни решенија за превоз.

Истиот ден од 13 до 14 часот во знак на поддршка на Денот без автомобили и зачувување на планетата земја ќе се одржи марш од градскиот плоштад до каналот Студенчишта и при тоа ќе биде забрането движењето на моторните возила на улицата “Кеј Маршал Тито”.
По иницијатива на Европската Унија, 22 септември е прогласен за Ден без автомобили. Целта е да се промовираат заложбите за поздрава животна средина и подобрување на квалитетот на живот.

OhridNews