Во среда, 29 мај, ќе се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во среда до 06 часот во четврток.
Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река. Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите. Исто така, се молат и граѓаните во тој период да го намалат своето движење на посочениот опфат, информираат од Општина Охрид.
Дезинсекцијата се спроведува согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка Општина Охрид.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд), посочуваат од Општина Охрид, дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
OhridNews