Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид, Дебрца и Струга дека на 22- ри јули, среда, во координација со Министерството за здравство на РМ ќе се спроведе авионска адултна дезинсекција против комарци. Авионската адултна дезинсекција ќе се изврши во утринските часови, во период од 5 до 8 часот.
На територијата на општина Охрид со дезинсекцијата ќе биде опфатен потегот од Прентов мост до вливот во Охридското езеро по течението на Коселска река. Во градското подрачје во зона на Касарната и Дебело поле како и во населбите Воска и Далјан.
На територијата на општина Дебрца ќе се спроведе дезинсекција во атарите на селата Мешеишта, Волино и Требеништа по течението на реката Сатеска , како и во зона на селата Белчишта и Велмеј по течението на Голема река.
Во општина Струга дезинсекцијата ќе се спроведе во атарите на селата Мислешево, Мороишта и Дрслајца, како и на потегот од Подмолје по магистралниот пат кон Кафасан и Охридското езеро се до село Калишта.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите. Препаратот со кој ќе се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните , односно водата и почвата. Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е 231 881: 230 231.
OhridNews