Познатиот српски вајар и книжевник Борис Стапарац, кој го направи импресивниот споменикот на филмската боксерска икона Роки Балбоа, неодамна го заврши споменикот на Тоше Проески. Статуата е висока 2.5 метра, изработена е од моделиран бетон, кој по потреба може да се излее во бронза, и тежи повеќе од еден тон, објави белградски „Блиц“.


Во Србија извајан грандиозен споменик на Тоше Проески

Во една од молитвите во светиот храм го почувствував духовното присуство на Тоше и во истиот момент знаев дека морам да создадам вајарско дело достојно на неговата убавина, која е огромна. Ако некој имаше насмевка на ангел и поглед преполн со љубов и нежност, тоа беше тој – изјави Стапарац за „Блиц“.

Стапарац на споменикот на прерано починатата музичка ѕвезда, Тоше Проески, работеше една година, а сеуште не се знае во кој град тој ќе биде поставен.

Ohridnews