Во СВР Охрид вчера во 12:50 часот било пријавено дека на ул. „АСНОМ“, патничко возило „хјундаи“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 18 годишно лице од Битола, удрило во жена на 82-годишна возраст од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ Охрид. По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, инфoрмираат од МВР.

OhridNews