Вчеравечер, околу 19.30 часот на магистралниот пат Охрид- Подмоље, кај приватното средно училиште „ Јахја Кемал“  се случила сообраќајна незгода во која учествувале две патнички моторни возила.

Како што информира портпарлот на СВР Охрид, Стефан Димоски, во сообраќајната незгода повредено е едно лице кое е пренесено во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „ Св. Еразмо“. Повредениот е надвор од животна опасност.

Според првичните информации, до незгодата дошло поради неодржување страна на движење на едно од возилата.  

OhridNews