Познатиот охридски бизнисмен Љупчо Здравески (49) рано утрово околу 3 часот, го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи на пресекот помеѓу улицата „Јане Сандански“ и бул. “Туристичка“.

Според СВР Охрид сообракајната незгода се случила во моментот кога сега починатиот кој управувал мопед марка „Априлиа-Хавана“ бил  удрен од патничко моторно возило марка „Голф„ управувано од М.К.(21) од Струшкото село Велешта. Веднаш по незгодата, возачот на патничкото моторно возило, напуштајки го лице местото, се обидел да избега но набрзо бил пронајден и приведен во СВР Охрид. Кај него по извршено алкотестирање, констатирани се 1,17 промили алкохол во крвта.

На лице место, извршен е увид во присуство на истражен судија и заменик јавен oбвинител. Врз патничкото моторно возило и мопедот, денес  ќе биде извршено стручно вештачење, соопшти СВР Охрид.

Бизнисменот Љупчо Здравески беше сопственик на познатиот синџир пицерии „Американо“ и член на охридскиот Лајонс клуб.

OhridNews