Една германка не стигнала да ги изгасне свеќичките на роденденската торта.Сепак тортата и послужила за подобра цел. Всушност и го спасила животот. Во близината на Фројденштад, Германија, 26- годишна девојка со својот автомобил доживеала сообраќајна несреќа. На замрзнатиот и лизгав пат изгубила контрола врз возилото и во кривината удрила во дрво.
„Девојката е добро затоа што воздушните перниќиња и тортата го ублажиле ударот“ изјавил портпаролот на полицијата. Автомобилот е потполно уништен, а девојката го добила најубавиот роденденски подарок-животот.
ohridnews