Во соoбраќајна несреќа загина директорот на македонската фудбалска репрезентација Петар Милошевски. Кобната сообраќајќа во која го загуби животот Милошевски се случила на автопатот Скопје – Куманово.
Во возилото со поранешниот репрезентативен голман се наоаѓал и претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Илчо Ѓоргиоски, кој поминал со повреди.
Милошевски долги години беше избор број еден на голот од македонската репрезентација, а по повлекувањето од селекција беше назначен за директор на А репрезентација.
Во клубската кариера „единицата“ ги чуваше головите на Пелистер и Вардар во Македонија, а во странство беше дел од екипите на Трабзонспор, Малатијаспор, Себатспор и Енозис.
Ohridnews