На 26-ти овој месец во 30 минути по полноќ, на регионалниот пат Охрид – Свети Наум во селото Пештани, се случила сообраќајна незгода во која моторцикл „кавасаки“ управуван од охриѓанецот Д.Т.(52) излетал од коловозот и удрил во дрво.
Во незгодата на лице место починала сопатничката на Д.Т. и во моментов се работи на утврдување на нејзиниот идентитет.
Со тешки телесни повреди се здобил Д.Т., кој е задржан во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, соопшти Министерството за внатрешни работи.