Од МВР со повеќе детали околу вчерашната сообраќајна незгода што се случи во 15.30 часот, на регионалниот пат Охрид – Свети Наум.

До собраќајната незгода дошло кога 39-годишен охриѓанец, управувајќи патничко возило „рено лагуна“, со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила и 32-годишната сопатничка од Охрид. Повредените биле пренесени во болницата „Свети Еразмо“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.

OhridNews