На регионалниот пат во струшкото село Велешта, вчера, се случила сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.
До сообраќајната незгода дошло кога патничко моторно возило „шкода“ со чешки национални ознаки управувано од 69-годишно лице од Чешка удрило во паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на 43-годишен жител на Велешта.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во патничкото моторно возило „Шкода“ која е пренесена во болницата„Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициска станица Струга.
OhridNews