На крстосницата од улиците „Боро Хаџиески“ и „Славеј Планина“ во Струга, вчера во 16.30 часот, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „голф“, со струшки регистарски ознаки, управувано од 26-годишно лице од Велешта и мопед, со велешки регистарски ознаки, управуван од 58-годишен стружанец.

По незгодата возачот на мопедот бил пренесен во Медицинскиот центар Струга за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Струга.

OhridNews