На кружна крстосница во близина на хотел во Струга, вчера, во 13 часот се случила сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.


• Во сообраќајната незгода учествувал патнички автомобил „Ауди“ со прилепски регистарски ознаки управуван од 41-годишно лице од струшкото село Ливада и товарно возило „Форд Транзит“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 53-годишно лице од селото Корошишта, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Во незгодата, со повреди се здобил возачот на товарното возило . Увид на местото на незгодата извршиле полициски екипи.

OhridNews