На 17.05.2020 година во 14 часот и 20 минути, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум во близина на авто кампот „Градиште“, случена е сообраќајна незгода во која мопед марка „Хамачи“ со струшки регистарски ознаки, управуван од 35-годишно лице од Струга, излетало од коловозната лента и удрило во заштитниот метален еластичен браник, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Притоа, возачот на мопедот, со возило на Итната медицинска помош е пренесен во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Поради постоење основи на сомнеие за сторено казнено дело „разбојништво“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 38-годишен охриѓанец на кого му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена по што е префрлен во казнено поправна установа во Скопје. Пријавениот, на 14.05.2020 година во 12 часот и 10 минути, влегол во просторијата на акционерското друштво „Македонски Пошти“ лоцирана на улицата „Никола Карев“ во Охрид и, со употреба на остар предмет и закана, од вработените ги побарал парите од прометот. Околу 12.30. тој е пронајден и приведен, а пронајдени се парите и користениот предмет.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против 19-годишно лице од струшкото село Лабуништа. При контрола извршена во селото на 09.05.2020 година околу 22 часот, полициските службеници го затекнале пријавениот кој немал дозвола издадена од надлежен орган за движење во полициски час со цел спречување на ширењето и заштита на населението од заразната болест КОВИД -19.

Димоски информира дека во текот на изминатото деноноќие (17/18.2020 година), за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, девет лица не ја почитувале забраната за движење (Охрид-3, Струга-4, Кичево-2). Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесена кривична пријава.

OhridNews