На регионалниот пат Охрид-Струга, кај местото викано „Оровничка плажа“, вчера, во 16.20 часот, се случила сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.
До сообраќајната незгода дошло кога патничко возило „Fиат бравo“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 32-годишно лице од струшкото село Лабуништа, удрило во пешакот, 33-годишно лице од скопско Волково.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, по што бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ – Охрид за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.
OhridNews