Во населбата Плитишта-Струга, вчера, во 11.30 часот, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 65-годишно лице од струшкото село Боровец и велосипед управуван од 65-годишно лице од Струга.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил стружанецот кој бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Струга.