На улицата „Питу Гули“ во Охрид, вчера во 15.30 часот, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 71-годишен охриѓанец и мопед „априлија“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од Охрид.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, кој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му била укажана лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.
OhridNews