На патниот правец село Тополчани-село Клепач, прилепско, вчера во 09.05 часот се случила тешка сообраќајна незгода во која е повредена 55-годишна охриѓанка.

Сообраќајната незгода се случила кога 60-годишно лице од село Злести, општина Дебарца, управувајќи патничко возило „Цитроен Ц3“ со охридски регистарски ознаки, изгубило контрола и возилото излетало од патот.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката 55-годишна охриѓанка која е пренесена во битолската градска болница каде и била укажана лекарска помош.

Увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Прилеп.

OhridNews