На крстосницата од улиците „Марко Нестороски“ и „Богомилска“ во Охрид, вчеравечер во 22.30 часот, се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило „Хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 62-годишен охриѓанец и мопед „Пежо“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 29-годишно лице од Охрид.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот кој бил пренесен и задржан на лекување во Болницата „Св.Еразмо“.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Охрид.
OhridNews