Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информира дека на 11.05.2020 година, во 18.40 часот на улица „Партизанска“ во Струга патнички автомобил „Опел Астра“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 28-годишен охриѓанец удрил во велосипед управуван од 40-годишно лице од Струга. Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил задржан на лекување во Општата болница во Струга. Возачот на автомобилот се здобил со телесни повреди и е пуштен на домашно лекување. Увид е извршен од полициски екипи.
Димоски информира и за инцидент што се случил вчера, кога од страна на 44-годишен жител на Вевчани, било пријавено дека околу 16.30 часот во Вевчани бил физички нападнат од 48-годишен сожител. ОВР Струга презема мерки за расветлување на настанот.
Инаку, во текот на изминатото деноноќие (12/13.2020 година), за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус КОВИД-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, две лица не ја почитувале забраната за движење (Охрид-1, Струга-1). Тие се приведени и против нив ќе биде поднесена кривична пријава. Во истиот период, не се пријавени и регистрирани кражби и сообраќајни незгоди.
На подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници извршиле 3 контроли врз лица во изолација и 34 контрола врз лицата во самоизолација. Во истиот период, полициските службеници извршиле 61 контроли на угостителски и други објекти.
OhridNews