На крстосницата од улиците „7-ми Ноември“ и „Егејска“ во Охрид, вчера, во 22.10 часот, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Фолксваген Голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 51-годишно лице од селото Велгошти и велосипед, управуван од 44-годишен охриѓанец.
Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.
OhridNews