На крстосница на улица „7-ми Ноември“ и булевар „Македонски Просветители“ во Охрид, денес, во 00.35 часот, патничко возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 41-годишен охриѓанец удрило во велосипед управуван од 48-годишно лице од Охрид.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, а потоа во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.