На регионалниот пат Трпејца-Отешево, вчера, во 13.30 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „Сим-јет“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 25-годишен охриѓанец и патничко возило „Фолксваген Пасат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 37-годишно лице.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот кој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ од каде бил пренесен во Клинички центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.