На регионалниот пат Струга–Дебар, вчера, во 16.45 часот, на крстосница од локалниот пат кај селото Добовјани и патот кој води кон селото Велешта, се случила сообраќајна незгода во која се повредени две лица, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Во сообраќајната незгода учествувале патничко моторно возило „Југо“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 58-годишно лице од Вевчани и патничко моторно возило „Фоксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 54-годишно лице од Велешта. Од ударот возилото „Југо“ удрило во 55-годишен пешак од Република Албанија.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „Југо“ и пешакот кои се пренесени во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош. Со телесни повреди се здобиле и сопатничката од возилото „Југо“, 49-годишна жена и 12 – годишен пешак, кој се движел заедно со другиот повреден.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полициската станица Струга.

OhridNews