На регионалниот пат Охрид-Св.Наум, во близина на населба Рача, вчера во 11.50 часот, се случила сообраќајна незгода во која учествувале патнички автомобил марка „Голф“ со охридски регистарски ознаки управувано од 27-годишно лице од Демир Хисар и велосипед управуван од 77-годишен жител на Рача, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Во незгодата е повреден велосипедистот кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен и задржан на лекување во Општата болница во Охрид.
На местото на настанот, по овластување на Јавен обвинител, увид извршија полициски екипи.
OhridNews