На магистралниот пат Подмоље-Ќафасан, вчера, во 11 часот, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од 21-годишно лице од село Шум и патничко возило „БМВ“, управувано од 32годишно лице од село Заграчани, и двете со струшки регистарски ознаки.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „БМВ“, 49-годишна жена од струшкото село Калишта, а со телесни повреди се здобил другиот сопатник од истото возило 53-годишен маж од Заграчани, кои биле пренесени во Медицинскиот центар Струга за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Струга.

OhridNews