На магистралниот пат Охрид–Кичево, во близина на село Врбјани, вчера во 20.20 часот, патничко возило „опел синтра“, со струшки регистарски ознаки, управувано од 24-годишно лице од Струга, излетало надвор од коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници, 53-годишно и 29-годишно лице од Струга,  а со телесни повреди се здобил возачот, по што биле пренесени во болницата „Свети Еразмо“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.

OhridNews