На локален пат во населбата Теферич во Струга, вчера околу 16.20 часот, 39-годишно лице од струшкото село Шум, управувајќи патничко возило „Опел астра“ со струшки регистарски ознаки, изгубило контрола и излетало од патот.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобил 15-годишен сопатник од село Шум и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Струга.
OhridNews