На регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај населбата Рача, пет минути после полноќ, се случила тешка сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.
До сообраќајната незгода дошло кога 35-годишен охриѓанец, управувајќи патничко возило „Хјундаи гетс“, со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Возачот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во охридската Општа болница за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.
OhridNews