Дваесет годишно момче од село Слатино-Дебрца, го загуби животот во сообраќајна незгода што попладнево се случи на планинскиот премин Плетвар.
Како што информираат од СВР Битола, сообраќајната незгода се случила околу 17 часот на патот Прилеп- Градско. Во неа учествувале мотор „Јамаха“ и патничко возило „Фиат Типо“ со битолски регистарски таблици.
На местото на настанот загинал возачот на моторот М.М. роден 1998 година во село Слатино-Дебрца. Со полесни повреди се здобила жената која го управувала возилото Фиат во кое бил и нејзиниот сопруг, инаку и двајцата од Крушево.
На местото на настанот извршен е увид.
OhridNews