Во сообраќајката што се случи вчера претпладне на магистралниот пат Кичево-Охрид, помеѓѕ селата Ново Село и Песочан, повредени албански државјани соопшти полицијата.

Сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко возило „Ауди“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од К.Б.(77) од Република Албанија и товарно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.А.(46) од Република Албанија. Притоа, со тешки телесни повреди се здобила К.П.(66) од Република Албанија, сопатничка во возилото „Ауди“, додека со телесни повреди се здобиле возачите на двете возила. Тие биле пренесени во болницата во Охрид каде им била укажана лекарска помош. – соопшти МВР.

Увид на местото изврши екипа од СВР Охрид.

OhridNews