СВР Охрид денеска излезе со детали за тешката сообраќајна несреќа што вчера вечер во 18:25 часот се случи на улица „Железничка“ во Охрид, во која се повредени две лица.

На булевар „Железничка“ во Охрид 45-годишен жител на село Лабуништа, струшко, управувајќи патничко моторно возило „BMW“ со струшки регистарски ознаки, удрил во 18-годишно момче и малолетник од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил0 18-годишното момче, кое е пренесено во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје. На малолетникот му е укажана лекарска помош во болницата „Св. Еразмо” во Охрид.  – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Како што дознаваме, од засега непознати причини возачот на „BMW“ најпрвин удрил во сообраќаен во сообраќаен знак на тротоар по што удрил во двете момчиња кои се движеле по тротоарот. Врз него е извршено алкотестирање и се чекаат резултатите од наодот.

За настанот е известен јавен обвинител и извршен е увид на местото на настанот, соопшти полицијата. Се работи на расветлување на случајот.