Вчера околу 02.30 часот на регионалниот пат кај с.Велешта се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „даеву тико“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 24-годишно лице од с.Велешта и патничко возило „митсубиши галопер“, со германски национални ознаки, управувано од 23-годишно лице од с.Лабуништа, струшко.
Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил 17 – годишен сопатник во возилото „даеву тико“, констатирани во Медицинскиот центар Струга, информира МВР.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Струга.
OhridNews